„ТОПЏИИТЕ“ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ТРЕНЕРОТ Артета добива понуда за продолжување на договорот
Според британскиот весник, раководството на Арсенал сака да го продолжи договорот со 39-годишниот Шпанец на две години. Сегашниот договор со тренерот е со важност до крајот на јуни 2023 година.
Арсенал ќе го продолжи договорот со тренерот Микел Артета, објави „Дејли мејл“.
Според британскиот весник, раководството на „Топџиите“ сака да го продолжи договорот со 39-годишниот Шпанец на две години. Сегашниот договор со тренерот е со важност до крајот на јуни 2023 година.
Артета го презеде Арсенал во декември 2019 година. Под негово водство, тимот го освои ФА Купот и Суперкупот.
Арсенал оваа сезона е 7-ми во Премиер лигата со 35 бода од 20 натпревари.