Топ 10 најплатени ѕвезди на Инстаграм: „Карпа“ заработува милион долари од една фотографија!

1,311

На врвот на листата на успешни луѓе на Инстаграм е славниот актер Двејн Џонсон, познат како „Карпа“ (The Rock), а она што го издвојува е бројката што ја добива за едeн спонзориран пост кој достигнува и до милион долари.

Претходно оваа година, „Форбс“ го прогласи Џонсон за најплатен актер на светот, заработувајќи речиси 90 милиони долари.






Освен неговата филмска кариера, sвездата на акциските филмови има и големо комерцијално партнерство со американскиот спортски бренд „Under Armor“, со кој потпиша договор во 2016 година. Исто така, го спонзорираат и од технолошкиот гигант „Епл“ и норвешкиот бренд за вода во шишиња „Вос“, во кој и самиот има удел.

Според наодите на компанијата за маркетинг на социјалните мрежи „Hoper HQ“, Џонсон ја „исфрлил“ младата ријалити ѕвезда Кајли Џенер, сопственик на бренд за козметика, од првото место на списокот.

Џенер на оваа мрежа има 183. милиони следбеници, додека Џонсон има дури 187. милиони и важи за „највредниот“ корисник на Инстаграм.

Компанијата „Hoper HQ“ дошол до резултатите откако разговарале со таканаречените инфлуенсери на социјалните мрежи, како и со брендовите и маркетинг-компаниите.

Список на познати личности кои најмногу наплаќаат за објавување на Инстаграм
1. Двејн „Рок“ Џонсон – 187 милиони следбеници, по 1 милион долари по објава
2. Кајли Џенер, 183 милиони следбеници – 986.000 долари по објава
3. Кристијано Роналдо 225 милиони следбеници – 889.000 долари по објава
4. Ким Кардашијан, 176 милиони следбеници – 858.000 долари по објава
5. Аријана Гранде, 191 милиони следбеници – 853.000 долари по објава
6. Селена Гомез, 180 милиони следбеници – 848.000 долари по објава
7. Бијонсе Ноулс, 149 милиони следбеници – 770,000 долари по објава
8. Џастин Бибер 139 милиони следбеници – 747.000 долари по објава
9. Тејлор Свифт 135 милиони следбеници – 722.000 долари по објава
10. Нејмар да Силва, 139 милиони следбеници – 704.000 долари по објава

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини