ТОП 10 најголеми изненадувања на европските првенства – тука е и Југославија!
Тимот во кој биле Бори Мур, Боби Чарлтон, Годрон Бенкс, Џоф Харст, бил и голем фаворит со надеж дека ќе земе уште еден трофеј. Но, Југославија ги променила нивните планови.
Европските првенства донесоа многу изненадувања во текот изминатите 60 години – од шокантни титули за Данска и Грција, до неочекувани исландски јунаци. ББС Спорт со експертите за статистички податоци ги посочија десетте најшокантни Европски првенства во историјата.
Европско првенство 2016 е најнепредвидливото досега, со 29 отсто победи од страна на аутсајдери, а тука е вклучен и триумфот на Португалија над домаќинот Франција во финалето.
Ова се десетте незаборавни мигови од историјата на Европското првенство:
Англија – Југославија 0:1 (Европско првенство 1968 година, со 21,9 отсто можност за победа)
Англија, која била победник на Европското првенство само две години порано, одиграла меч против Југославија во полуфиналниот натпревар во Италија. Тимот во кој биле Бори Мур, Боби Чарлтон, Годрон Бенкс, Џоф Харст, бил и голем фаворит со надеж дека ќе земе уште еден трофеј. Но, Југославија ги променила нивните планови.
Западна Германија – Шпанија 0:1 (ЕП 1984 година, 21,7 отсто можност за победа)
Репрезентацијата на Западна Германија, имала потреба од еден бод за да се пласира понатаму во натпреварот, но Шпанија успеала да ги уништи нивните планови.
Голот кој го постигнал Антонио Мачеда во 90 минута од натпреварот, ја шокирал цела репрезентација која била предводена од Јуп Дервал. По овој историски гол, Германците се вратиле дома, а Шпанците продолжиле до финалето, каде што изгубиле од Франција.
Португалија – Грција 1:2 (ЕП 2004 година, 21,4 отсто можност за победа)
Едно магично лето кое никогаш нема да биде заборавено во Грција, бидејќи грчката репрезентација ја приредила една од најголемите сензации во историјата на европските првенства, со освојувањето на оваа титула.
Но Грците во групната фаза веќе ја победија екипата на Луис Фелипе, но никој тогаш не можеше да предвиди што ги очекува.
Победата на Грција против домаќинот Португалија, се класифицира за најнеочекуван резултат во финалето на Европско првенство.
Украина – Северна Ирска 0:2 (ЕП 2016 групна фаза, 21,3 отсто можност за победа)
– Ова е најверојатно нешто кое нема да се заборави наредните 30 до 40 години – изјави Најала Мекгин, четири години откако го постигна голот за Северна Ирска во 2016 година, а крајниот резултат го постигна Герет Меколи
Тоа беше првата победа на Северна Ирска од 1982 година, а со нејзе се пласираа во нокаут фазата.
Заедница на Независни Држави – Шкотска 0:3 (ЕП 1992 година, 21,2 отсто можност за победа)
– Кога денес ќе излезете на терен, ќе направите нешто што ни еден друг шкотски играч не го направил – им рекол на фудбалерите шкотскиот селектор пред почетокот на натпреварот
По поразите од Холандија и Германија, Шкотска е елиминирана, но замина со незаборавна победа против Заедница на Независни Држави.
Пол Мекстеј, Брајан Меклер и Гери Мекалистер се стрелците на трите гола кои постигнаа историска победа на Европското првенство.
Холандија – Данска 0:1 (ЕП 2012 година, 19,9 отсто можност за победа)
– Можеме да кажеме дека сме по малку љубоморни на холандскиот тим бидејќи не сме на нивно место. Тие се фаворитите, во тоа нема сомнежи – изјавил данскиот селектор.
Холандскиот селектор исто така бил сигурен во тоа дека тие се фаворити, па дал слична изјава. Но, данците овој пат изненадиле.
И покрај оваа победа, данскиот тим не успеал да се пласира во нокаут фазата.
Белгија – Турција 0:2 (ЕП 2000 година, 19,7 отсто можност за победа)
Најголемиот успех во тогашните 77 години историја фудбал во Турција. Двата гола ги постигнал Хакан Шукур, а Турција била прогласена за аутсајдер против Белгија.
– Ова е нашиот најголем поклон за целата земја – изјавил селекторот на Турција по поразот врз Белгија во 2000 година на Европското првенство. Оваа победа го однела турскиот тим во нокаут фазата.
Пред мечот со Белгија, првите две натпреварувања во групната фаза, Турција успеала да освои само еден бод.
Белгија – Велс 1:3 (ЕП 2016 година, 19,6 отсто можност за победа)
– Да сум претседател на некој од клубовите на Премиер Лигата, веднаш би го зел Хала Робсон-Кану – изјавил поранешниот напаѓач на Велс, Џон Хартсон
– Каков гол! Со дриблинг го испрати Томас Муније по шоља чај.
Најголемата ноќ во велшката фудбалска историја е третиот најголем шок во историјата на Европските шампионати, а сензационалниот дриблинг и погодок на Робсон-Кану е кулминацијата на оваа победа.
Франција – Грција 0:1 (ЕП 2004 година, 19,1 отсто можност за победа)
– Ова е најголемиот момент за историјата на грчкиот фудбал – изјавил Ангелос Харистеас.
Грција победи со голот со глава од Харистеас во второто полувреме, а бајката за Грција продолжи. Коментарот на Харистеас по овој натпревар, набргу веќе не важеше бидејќи подоцна дојдоа прекрасни моменти за паметење во грчкиот фудбал.
Подоцна грците станаа прваци на Европското првенство.
Англија – Исланд 1:2 (ЕП 2016 година, 17,4 отсто можност за победа)
– Целиот свет не веруваше, но ние верувавме – тоа беа зборовите на дефанзивецот Карија Арнасон.
Англичаните ги занесе голот кој го даде Вејн Руни во 4 минута од натпреварот, а со тоа помислија дека ќе биде лесна победа над Исланд. Но во 14 минута од натпреварот, резултатот беше на страната на Исланд, по што селекторот на Англија, даде отказ.