📷 ТОНИ НАУМОВСКИ СО НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА ВО ЊУЈОРК Битолскиот актер блесна на инди фестивалот со филмот „Лена и Владимир“
Филмот „Лена и Владимир“ е драма која е работена по сценарио на д-р Симран Ахуја, во режија на Шариф Синклер. Филмот веќе привлече внимание на неколку меѓународни фестивали, освојувајќи повеќе признанија.
Битолскиот актер Тони Наумовски, кој веќе 2 децении живее и работи во САД, ја освои наградата за најдобар машки актер на престижниот „Инди филм фестивал авордс“ (Indie Film Festival Awards) во Њујорк.
Наумовски е награден за улогата во филмот „Лена и Владимир“, научнофантастичен трилер режиран од Игор Алексов. Филмот веќе привлече внимание на неколку меѓународни фестивали, освојувајќи повеќе признанија.
По добивањето на наградата, Наумовски се огласи на социјалните мрежи, каде што напиша:
„Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награда за најдобар машки актер за ‘Лена и Владимир’ со вас, од доделувањето на наградите на Indie Film Festival Awards во Њујорк“.
Наумовски е познат и по своите театарски и филмски улоги во САД, вклучително и по настапи во продукции на Нетфликс, ХБО и независни филмови.