ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КУМАНОВО Објавени уште 19 кандидати за градоначалник
Партијата информира дека исте кандидати имаат углед кај народот и се пофесионалци во обвластите во кои се ангажирани.
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште 19 нови кандидати за градоначалници за локалните избори. Владимир Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, информира дека кандидатите се признати од граѓаните и докажани луѓе во своите професии.
За Ѓорче Петров беше потврден Александар Стојкоски, доктор радиолог и поранешен пратеник, додека за Охрид и официјално ќе се трка Кирил Пецаков, пратеник и специјалист по детска стоматологија.
Ѓорче Петров – Александар Стојкоски.
Куманово – Тони Михајловски
Бутел – Дарко Костовски
Охрид – Кирил Пецаков
Македонски Брод – Жарко Ристевски
Свети Николе – Дејан Владев
Македонска Каменица – Димчо Атанасовски
Берово – Елеонора Рашковска
Чашка – Зоран Здравевски
Градско – Киро Нацков
Проибиштип – Маријан Миленковски
Виница – Миле Петков
Пехчево – Александар Китански
Лозово – Бошко Цветковски
Карбинци – Виктор Паунов
Чешиново Облешево – Далибор Ангелов
Зелениково – Коста Маневски
Демир Хисар – Никола Најдовски
Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери