Неговиот син од првиот брак Кристијан на својот инстаграм-профил објави дека очекува принова.
„Ни даде многу повеќе причини да дадеме сè од себе и да го направиме овој живот што е можно поубав. Одвај чекаме да те запознаеме”, напиша тој покрај фотографијата од ултразвукот.
Кристијан (24) не откри дали станува збор за момче или девојче, а бројни следбеници му упатија честитки под објавата.
Тони го доби Кристијан во првиот брак со Антонела Бутиган со која беше во брак шест години.
„ Да го изненадиш синот и допатуваш без тој да знае на неговиот 18-ти роденден. Бесценето. А, сега да одиме да ја купиме ветената гитара. Ако тебе сине ова ти е најубавиот ден во животот, како што велиш, треба да знаеш дека за мене најмногу убав ден беше денот кога се роди. Пред 18 години на овој ден. Среќен роденден, сине “, напиша Тони во 2015 година заедно со заедничката фотографија со Кристијан.
ФОТО: Фејсбук