Тони Бенет боледува од Алцхајмерова болест

481

Тони Бенет откри дека му е дијагностициран Алцхајмер во напис за ААРП. „Животот е подарок – дури и со Алцхајмерова болест. Ѝ благодарам на мојата сопруга Сузан и на моето семејство за нивната поддршка и ААРП“, напиша легендарниот пејач на Твитер.

Американскиот пејач Тони Бенет има Алцхајмерова болест, но тој додаде дека со Леди Гага успеал да сними нов албум, кој треба да излезе наскоро.






94-годишниот Бенет имал Алцхајмерова болест од 2016 година, но во тоа време немал сериозни симптоми на болеста.

Неговата непосредна меморија сега откажува и понекогаш не разбира каде се наоѓа, но тој сепак ги препознава своите блиски и е во состојба да разговара, дури и ако не може повеќе да дава интервјуа, велат од семејството на Бенет.

Музичарот стекна светска слава со песната „I Left My Heart in San Francisco“, добитник е на неколку Греми награди и сними повеќе од 100 албуми.

 

Поврзани содржини