ТОНЕ ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ, ОПАСЕН Е ЗА ВОЗАЧИТЕ Ќе биде затворен за сообраќај, да се користат алтернативни патишта
Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење алтернативни патишта, сè до изнаоѓање на решение за надминување на оваа ситуација, соопшти Општина Кисела Вода.
Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште, информираше Општината Кисела Вода.
„Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич (улица Мариовска), кој тоне и на дел од конструкцијата се појавени пукнатини, тој е затворен за сообраќај, од безбедносни причини. Ќе биде затворен до отстранување на проблемот. Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење алтернативни патишта, сè до изнаоѓање на решение за надминување на оваа ситуација“, соопшти Општина Кисела Вода.