ТОНЧИ ХУЉИЌ ЈА ПОТВРДИ ВРСКАТА НА ЌЕРКА МУ И ПЕТАР ГРАШО Ако тие се среќни…

Последните денови медиумите во регионот наголемо пишуваат за врската помеѓу Хана и Грашо.

1,902

Веста којашто никој не ја пропушти секако беше онаа за врската помеѓу најмладиот член на семејството Хуљиќ, 31-годишната Хана и пејачот Петар Грашо.

Таткото на Хана, хитмејкерот Тончи Хуљиќ, сега ја коментираше нивната врска, а Петар Грашо даде многу краток коментар.






– Разбирлив ми е интересот за Хана и Петар, но никогаш јавно не реферирам за приватниот живот и односите, како на своето семејство, така и за изведувачите со кои работам. Петар и Хана имаат слични ставови кон презентирањето на личниот живот во медиумите, а Петар е и голем семеен пријател. Ако тие се среќни, а колку што гледам се, тогаш јас и Вјекослава сме исто така среќни – вели Тончи.

Додал дека се надева дека Петар наскоро ќе земе пауза од силното темпо на настапи за да ги завршат песните кои ги чекаат.

Иако заедно се видени во Сплит и Загреб, ниту Хана ниту Грашо не ја коментираат врската.

Поврзани содржини