Томсон во Токио го повтори успехот од Рио де Женеиро

Откако во саботата го одбрани златото на 100 метри, Томсон денеска го повтори успехот на двојно подолгата патека, повторно истрчувајќи со втор најдобар резултат на сите времиња.

124

Јамајканската спринтерка Елејн Томсон го повтори на Олимписките игри во Токио својот успех од пред пет години во Рио де Женеиро, освојувајќи ги олимписките златни медали на трките на 100 и 200 метри.

Откако во саботата го одбрани златото на 100 метри, Томсон денеска го повтори успехот на двојно подолгата патека, повторно истрчувајќи со втор најдобар резултат на сите времиња.






Томсон мина низ целта со време од 21.53 секунди, само 19 стотинки поспоро од легендарниот 33-години стар светски рекорд на Американката Флоренс Грифит – Џојнер од Игрите во Сеул.

Сребрениот медал го освои 18-годишната Кристин Мбома од Намибија, додека бронзениот и припадна на Американката Габриеле Томас.

Поврзани содржини