ТОМИЦА ГЛАВЧЕВ НА МЕСТОТО НА АНТИЌ ВО КФМ Новиот прв човек на македонската кошарка ги претстави своите приоритети

Мојот општ впечаток е дека (со членови од присутните делегати) наидовме на разбирање и размислување во кој правец ќе треба да ги тераме. Се договоривме дека ако оваа работа успее, да се концентрираме прво шампионатот да заврши, а потоа да делуваме, изјави новоизбраниот прв човек на македонската кошарка и најави дека негов прв приоритет ќе биде да ги посети сите градови во кои ќе се игра кошарка.

108

Томица Главчев, бизнисмен од Гевгелија и долгогодишен кошаркарски работник, е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија на денешната вонредна седница на Собранието на КФСМ.

Како единствен кандидат, со максимална поддршка од клубовите, Главчев доаѓа на чело на Федерацијата како наследник на Перо Антиќ, кој ја извршуваше функцијата претседател од 2019 година.






– Ова е иницијатива која е отпочната одамна, а јас не бев вклучен од стартот. Луѓето кои ја истуркаа ќе бидат дел од мојот тим. Посебно сакам да го поздравам Младен Ѓуроски кој ги презеде сите работи за доведување на ова Собрание и до оваа точка. Во изминатите денови имавме повеќе состаноци со членови од присутните делегати, со поголем дел од нив. Имавме отворени разговори, практични за моите идеи и размислувања. Мојот општ впечаток е дека наидовме на разбирање и размислување во кој правец ќе треба да ги тераме. Се договоривме дека ако оваа работа успее, да се концентрираме прво шампионатот да заврши, а потоа да делуваме – изјави новоизбраниот прв човек на македонската кошарка.

Главчев посочи дека негов главен приоритет ќе биде да ги посети сите градови во кои ќе се игра кошарка.

– Не би сакал да се изненадите ако инсистирам на тие состаноци да бидат луѓето од локалната самоуправа, затоа што во сите клубови се и шефовите на градовите. Мора да ги чуеме и нив, дали ќе одиме заедно во некоја насока, или ќе имаме различни правци, што не би било убаво – истакна Главчев пред делегатите.

Поврзани содржини