„ТОМА“ УРИВА РЕКОРДИ НА БАЛКАНОТ Во Хрватска е најгледан српски филм во историјата
Филмот ги собори сите рекорди на гледаност и во Србија, а досега во кината го гледале повеќе од 700.000 луѓе.
Биографскиот филм за српската фолк легенда Тома Здравковиќ, насловен „Тома“, во режија на Драган Бјелогрлиќ почна да се прикажува во Хрватска минатиот викенд и од четвртокот го погледнале 8.035 луѓе.
Со тоа „Тома“ собори рекорд стар десет години и стана српски филм со најдобра гледаност во историјата на Хрватска. Рекордот досега го држеше комедијата „Парада“ од 2011 година, пишуваат хрватските медиуми.
Филмот ги собори сите рекорди на гледаност и во Србија, а досега во кината го гледале повеќе од 700.000 луѓе.
Порталот Индекс потсетува дека се работи за биографски филм за Томи Здравковиќ.
„Тома е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци и врвот на славата, неговите љубови кои го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, како и односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на Југославија. Тоа е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Ова е приказна за душата“, се вели во објавата на кинодистрибутерите.
Главната улога ја игра Милан Мариќ, а во актерската екипа се и Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ и Сања Марковиќ.