Том Круз не ја видел ќерка си со години, Сури сега ги пронашла писмата кои ја скршиле

1,025

Сури Круз, 14-годишната ќерка на актерите Том Круз и Кејти Холмс, не можела да ги задржи солзите кога ги нашла интимните писма на нејзиниот татко што ѝ ги пишувал на нејзината мајка, пишува „Ентертејмент тајмс“.

Адвокатот на Кејти ги задржал писмата по разводот, бидејќи мислел дека може да бидат од корист еден ден. Со тоа се согласила и Кејти, чија идеја била да ѝ ги покаже писмата на Сури кога малку ќе порасне. Се чини тој момент дошол пред планираниот.






Сури ги нашла писмата во куќата на нејзинтите баба и дедо, поточно во „временската капсула на Том“, односно тајното скришно место каде нејзината мајка ги чувала на сигурно.

– Тоа беше емотивен момент и за Кејти и за Сури. Кејти планираше да ѝ покаже на Сури некои од писмата еден ден, но во преправена верзија. Таа не беше подготвена за бројни прашања – рекол изворот.

„Кога ги прочитала писмата, Сури повторно покажала интерес да се сретне со нејзиниот татко. Таа сака да знае повеќе за него. По разводот не се гледал премногу со неа“, додал тој.

Том Круз е член на Скиентолошката црква, а поради сопствените верувања се оддалечи од својата ќерка и поранешната сопруга. Некои странски медиуми тврдат дека девојчето сака да го помине летото со нејзиниот татко и дека посетува скиентолошкиот камп, но тоа не е потврдено.

 

 

Поврзани содржини