Актерката Леа Ремини, поранешна припадничка на саентолошката секта, а денес нејзин голем критичар, за Њујок пост вели дека е многу веројатно дека Том Круз чека ќерка му Сури да наполни 15 години, за да ја земе од нејзината мајка и да ја воведе во саентологијата.
Том сега нема никаков контакт со неговата ќерка, бидејќи на саентолозите не им е дозволено да одржуваат врски со луѓе кои не се членови на сектата.
Саентолозите ја сметаат Кејти Холмс, поранешната сопруга на Том и мајка на Сури, за непријател. Леа Римини вели дека е горда на Кејти, затоа што „ја извлекла Сури од нешто што е потенцијално токсично и опасно за неа“.
Сури сега има 14 години.
Фото: Принтскрин