Том Хенкс се јави од карантин ФОТО
Дека добро се справуваат со целата ситуација, докажува фотографијата со сопругата и цитатот што го објавил на Твитер.
Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон во моментот се наоѓаат во карантин во Австралија откако им е дијагностициран коронавирус.
Дека добро се справуваат со целата ситуација, докажува фотографијата со сопругата и цитатот што го објавил на Твитер.
„Поздрав луѓе. Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите што се загрижени за нас. Имаме Ковид-19 и во изолација сме за да не заразиме никого. Во наша близина има луѓе кај кои, доколку ги заразиме, би можело тоа да помине во посериозна болест. Одиме ден по ден. Треба да се слушаат советите на стручњаците и да водите сметка за себе и другите. Сетете се, и покрај моменталните случувања, во бејзболот нема плачење“.
Хенкс објавата ја завршил со цитат од филмот „Нивната лига“.