– Рита во тоа време проживуваше многу потешки моменти отколку јас. Таа имаше многу повисока температура и некои други симптоми. Ги изгуби сетилата за вкус и мирис, а три недели главно не можеше ни да помисли на храна. Ѝ беше толку лошо, што дури ползеше по подот до бањата – ја раскажал Хенкс агонијата што ја доживела неговата сопруга.
Болното искуство неодамна го дискутираше и самата Рита Вилсон на „Си-би-ес: Ова утро“.
Познатата 63-годишна актерка открила во телевизиското јавување дека нејзе и на нејзиниот сопруг им понудиле лек против маларија кога и двајцата биле тестирани на коронавирус за време на нивниот престој во Австралија. По земањето на хлорокин, Вилсон почувствувала мачнина, доживеала вртоглавица и општа слабост во мускулите.
Хенкс кој немал толку силни симптоми на болеста како неговата сопруга, се потсетил на своите најтешки моменти на изолацијата во болницата во Квинсленд, а со својот сликовит опис случајно или намерно потсетил на една од улогите за кои го освои својот втор Оскар за најдобар актер.
– Бев скршен по 12 минути вежбање. Легнав во својот болнички кревет и само заспав – го опишал своето искуство во емисијата „Нешенел дифенс радио шоу“ Том Хенкс и со продолжението на приказната неодоливо потсетил на Форест Гамп.
– На докторката која ме лекуваше во тоа време, ѝ реков дека ја почувствував најчудната работа досега и ѝ опишав дека не бев во можност да направам дури ниту половина од основните вежби за истегнување на подот. Таа ме погледна низ очилата како да разговара со најглупавото човечко суштество и ми рече: „Имате ковид-19“ – раскажал Хенкс „анегдота“ од болницата.
ФОТО: Инстаграм