Веќе неколку години се шпекулира кој ќе го наследи Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд.
Според најновите гласини, тоа ќе биде неговиот британски колега Том Харди.
Некои британски медиуми во Велика Британија тврдат дека Том Харди (43) веќе потпишал договор, а наведуваат дека продуцентите ќе го објават името на новиот агент 007 дури по пуштањето „во промет“ најновиот филм од серијалот „Нема време да умре“, чијашто премиера е планирана за средината на ноември.
Харди е најпознат по соработката со режисерот Кристофер Нолан и улогите во филмовите „Подемот на црниот витез“, „Зачеток“, „Данкерк“, „Лудиот Макс – патот до бесот“, во „Веном“ на „Марвел“ и други.