ТОМ ФОРД СТАНА МИЛИЈАРДЕР Брендот со исто име го продаде за 2,8 милијарди долари
Договорот целосно ќе го интегрира „Tom Ford Brands“, кој веќе има тековно партнерство со гигантот за козметика и нега на кожа, во разновидното портфолио на „Есте Лаудер“.
Американскиот моден дизајнер и режисер Том Форд, кој го лансираше брендот „Том Форд“ во 2005 година и го прерасна во луксузна куќа за облека и додатоци, ја продаде својата компанија на „Есте Лаудер компани“ (ЕЛ) во зделка вредна 2,8 милијарди долари.
Се очекува продажбата да биде завршена во првата половина на следната година, откако ќе се добијат одобренија од регулаторите.
Договорот целосно ќе го интегрира „Tom Ford Brands“, кој веќе има тековно партнерство со гигантот за козметика и нега на кожа, во разновидното портфолио на „Есте Лаудер“.
Двете компании се партнери повеќе од 15 години откако заеднички го лансираа брендот „Том Форд“ за убавина во 2006 година.
Продажбата го става Форд меѓу светските милијардери, според Форбс, кој проценува дека дизајнерот, кој поседувал речиси 64 отсто од неговата компанија, ќе добие околу 1,1 милијарда долари во готовина од продажбата откако ќе ги одбие проценетите даноци.
Постоечкото портфолио на Форд вклучува и најмалку два дома, еден во Лос Анџелес, а другиот во Њујорк, во вкупна вредност од 65 милиони долари.