ТОЛКУ ОД СНЕГОТ, СЕГА Е НА РЕД ВЕТРОТ Еве какво време нѐ очекува од понеделник

„Во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот“, се вели во соопштението на УХМР.

1,507

Претпладне претежно во североисточните делови ќе провејува слаб снег, а во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час), информираше УХМР.

„Во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот“, се вели во соопштението на УХМР.






Прогноза за понеделник:

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено, особено наутро. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец кој од попладне ќе биде јужен.

Прогноза за вторник:

Облачно со врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за среда:

Променливо облачно, во западните и северните делов од земјата со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен до северен правец.

 

Поврзани содржини