ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО, KOJ ГО ПРЕКРШИ ДОГОВОРОТ? Нареден е напад во срцето на Техеран

Иранската новинска агенција ИСНА соопшти дека извештаите на Израелските одбранбени сили дека Иран испукал ракети кон Израел откако стапи на сила прекинот на огнот се лажни. Израелскиот министер за одбрана рече дека ѝ наредил на војската да го нападне „срцето на Техеран“.

1,835

Најмалку една балистичка ракета беше лансирана од Иран кон Израел, со што Техеран го прекрши примирјето, објавија израелските медиуми. Ракетата веројатно била пресретната, а нема извештаи за удари или евентуални повредени, објави „Тајмс оф Израел“.

Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека детектирале ново лансирање балистичка ракета од Иран, еден час откако Израел потврди дека се согласува со примирје.






Сирени се огласија во северен Израел.

Израелскиот министер за одбрана изјави дека ѝ наредил на војската „силно да одговори на кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран со интензивни напади врз цели на режимот во срцето на Техеран“, јавува СкајЊуз.

Иранската новинска агенција ИСНА соопшти дека извештаите дека Иран испукал ракети кон Израел откако стапи на сила прекинот на огнот се лажни.

Катар го отповика иранскиот амбасадор откако Иран ја нападна главната американска воена база на катарска територија по американските напади врз неговите нуклеарни објекти.
Министерството за надворешни работи го изразува своето „силно осудување“ на нападот и повторува дека „го задржува правото да одговори на ова грубо кршење“, се вели во соопштението.
Поврзани содржини