„ТОЛКУ БЕВМЕ ПОНИЖЕНИ ШТО МОРАВМЕ ДА СЕ ИЗВИНИМЕ“ Македонски државјани разочарани од конзулот во Чикаго му се пожалиле на Милошоски

4,460

Maкедонци кои што живеат во САД се разочарани од однесувањето на конзулот во Чикаго кој, како што сведочат, се однесувал дрско и арогантно кон иселениците кои дошле да побараат вадење документи со „Северна“.

„Вчера бевме со ќерка ми, толку бевме понижени што моравме да се извиниме. Никогаш нема да добие МК пасош од страна на некој си Петрит Муслиу“, се пожалија македонски граѓани.






Оваа информација на својот профил на Фејсбук ја пренесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

„Еве како кадрите на МНР Бујар Османи ги понижуваат македонските државјани кои очајно бараат помош за излез од хаосот кој власта им го создаде со неважењето на нивните валидни пасоши. На луѓето им се прекршува основното право на слободно движење, затоа дел од нив и ми пишуваат, разочарани и полни со оправдан револт, во случајов од односот на Генералниот конзул во Чикаго“, напиша Милошоски.

Поврзани содржини