ТОКСИНИ ОД СТАФИЛОКОКА ВО КОЛАЧИ Учениците од „Ѓорѓија Пулевски“ биле затруени, потврди ИЈЗ

427

Институтот за јавно здравје за телевизија Канал 5 потврди дека токсини од бактеријата стафилокока биле пронајдени во колачиња послужени во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“.

Околу 140 деца од прво до трето одделение се пожалиле на стомачни тегоби и други симптоми на труење откако на 26 септември јаделе мусака и бомбици во училиштето во скопската населба Аеродром.






За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк.

Поврзани содржини