(ФОТО) ТОКМУ НА ДЕНОТ НА ТАТКОВЦИТЕ Марк Ентони го доби седмото дете со 31 година помладата мис

Познатиот пејач Марк Ентони го доби седмото дете на 54-годишна возраст, само една година по венчавката со 31 година помладата манекенка Надја Фереира која за првпат стана мајка.

321

Познатиот пејач Марк Ентони го доби седмото дете на 54-годишна возраст, само една година по венчавката со 31 година помладата манекенка и мис на Парагвај Надја Фереира која за првпат стана мајка.

Надја Фереира е поранешна мис Универзум на Парагвај за 2022 и прва придружничка на мис Универзум во 2021 година.






„Господ секогаш знае кога е најдобриот момент. Среќен Ден на таткото“, напишаа Марк Ентони и Надја (23) на Инстаграм со првата фотографија од бебето.

 

Пејачот и манекенката се венчаа во јануари, а на Денот на вљубените открија дека чекаат дете. На нивната гала прослава во Мајами присуствуваа бројни познати личности.

Марк Ентони беше во брак и со Џенифер Лопез со која ги има близнаците Ема и Макс.

Двојката ја објави својата свршувачка во мај 2022 година. Ентони од претходните три брака со Џенифер Лопез, Дајана Торез и Шанон де Лима има шест деца. Ова е прв брак за Фереира.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини