Тогаш сакавте да нѐ линчувате, денес се гради улица на Кејот – што се смени, градоначалници?

Габриел Мишевски, поранешен вработен во агенцијата за обезбедување СГС, ги прозива Саша Богдановиќ и Петре Шилегов.

1,293

Во пост со наслов „Реминисценции со повод“, Габриел Мишевски, поранешен вработен во агенцијата за обезбедување СГС (сега е во ОСА), на Фејсбук пишува:

„Значи вака. Тогаш бев вработен во СГС. Алекс Теранова беше изведувач на улица Кеј 13 Ноември. Имале к’смет голем: уште првиот ден работниците биле физички нападнати!






Арно ама, во тоа време, СГС е озлогласена, па за да си ја крене репутацијата, нè праќа нас да ги обезбедуваме работниците. За 1 сат се појавија 100 протестанти… што сопственици на кафичите, што вработени, има и еден куп вагабонди – за да се пресметаат со нас! Иако не бевме ни агресивни ни арогатни. Сакаат луѓето да се степаат, па тоа ти е, а кога си во група од 100 души храброста ти е голема!“

Се стопирале работите и се повлекле работниците. Мишевски тврди дека со групата командувал Саша Богдановиќ.

„Денеска слушам дека истата улица ќе ја гради Шилегов. И дека ги срушил сите летни тераси. И сето тоа поминало без протести, без истепани работници, без закани, без обезбедување…  Може ли некој да ми објасни (Саша, на пример): што се смени од тогаш, кога сакавте да нè линчувате, до денеска, кога мудро молчите кога се гради истата улица? Тоа што Петре Шилегов е од добрите момци?“ – прашува Мишевски.

Поврзани содржини