Стоев вели дека Бугарија ќе се залага за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

296

Бугарија е и ќе продолжи да биде еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување, како што веќе покажавме за време на бугарското претседателствување со Советот на ЕУ и за време на заедничко претседателство со Република Северна Македонија со Берлинскиот процес во 2020 година, рече шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев, презентирајќи ги надворешно-политичките приоритети на Бугарија пред дипломатскиот кор.

Тој посочи дека бугарската поддршка за земјите од Западен Балкан е конзистентна и се заснова на клучни принципи за следење на критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја-кандидат и исполнувањето на релевантните критериуми.






Тој додаде дека во изминатите години Бугарија била загрижена поради реализацијата на билатералниот договор од 2017 година.

Тој истакна дека главните приоритети на Бугарија во надворешната политика остануваат приемот во еврозоната и Шенген зоната, пристапувањето на нашата земја во Организацијата за економска соработка и развој и европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

 

 

Поврзани содржини