Тодоров по поразот од Италија: Решавачки ќе биде дуелот со Естонија

Македонските кошаркари утре ги продолжуваат квалификациите за пласман на Европското првенство против домаќинот на завршниот турнир Русија.

367

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров не беше незадоволен од денешниот пораз од Италија (82:94), но истакна дека најважно е што овој тим покажал сосема поинакво лице во однос на ланските два евроквалификациски натпревари.

– Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на рангирањето на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани – изјави Тодоров на прес-конференцијата по мечот со Италија во Перм.






– Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно се ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник – додаде Тодоров.

Македонските кошаркари утре ги продолжуваат квалификациите за пласман на Европското првенство против домаќинот на завршниот турнир Русија.

Поврзани содржини