Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во 12 часот кај Школката во скопскиот Градски парк ќе им се обрати на граѓаните преку социјалните мрежи по повод 19-от роденден на партијата.
Се очекува големо изненадување од она што ќе го обзнани лидерот на ДУИ, но за тоа каква платформа ќе биде презентирана пред јавноста, се до денеска напладне во партијата има завет на молчење.