ТОЧНО НА ПЛАДНЕ ЗАПОЧНА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО „Не“ за францускиот предлог
Голем број граѓани се пред законодавниот дом, а присутно е и силно полициско обезбедување.
Во 12 часот пред Собранието на Република Македонија започна протестот на граѓаните, кои се противат на т.н. француски предлог, изготвен за кревање на бугарското вето за македонската евроинтеграција.
Голем број граѓани се пред законодавниот дом, а присутно е и силно полициско обезбедување. Претходно група на граѓани го блокираа булеварот пред Парламентот.
Спорет објавениот протокол, во 13 часот е предвидено пред пратениците на Собранието да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а потоа ќе започне расправата околу Информацијата за преговарачката рамка на Макдонија предложена од Француското претседателство на Унијата.