ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ФАТЕНИ ВО ТЕСНО, ИМААТ СВОИ УДЕЛИ ВО БИЗНИСОТ СО КАНАБИСОТ Има ли и трет висок поранешен функционер во наркобизнисот?

Иако Филипче тврдеше дека во негово време сè било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога треба да помине процес од околу 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев, работела незаконски од времето на Филипче и Заев, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

2

Фирмата „ЦБД Медплант“, во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и на Венко Филипче, уште од почетокот работела со пропусти, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Иако Филипче тврдеше дека во негово време сè било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога треба да помине процес од околу 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев, работела незаконски од времето на Филипче и Заев. Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат, а до вчера се сликаа со него – рече Петрушевски на денешната прес-конференција.






Фирмата „ЦБД Медплант“, доби лиценца во 2020 година, токму од Заев и од Филипче, додаде Петрушевски.

– Во тоа време и Филипче и Заев сакаа да ја направат Македонија туристичка дестинација за користење на марихуана и ја промовираа продажбата на цвет од канабис. Затоа, по нивна насока во 2023 година е сменет правилникот за одгледување на марихуана – рече Петрушевски.

Затоа ли е паниката на Заев и Филипче толку голема, праша тој.

– Дали се точни нашите информации дека овие двајца имаат удел во бизнисот со канабис и се фатени во тесно? Затоа ли повиците на Заев кон поединци во царина и патувањето на Филипче кон Грција се случуваат во тој период? Дали случајно има и плус висок поранешен функционер вмешан во наркобизнисот на Заев и Филипче? Клопчето се одмотува, крајот се гледа. Јавното обвинителство да го истражи случајот до крај. Одговорност мора да има – порача пратеникот Петрушевски.

Поврзани содржини