📽️ ТОАЛЕТ ОТПАТУВА ОД ХРВАТСКА ВО СРБИЈА ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО Коментарите на Фејсбук се урнебесни

Нека провери полицијата дали има пасош и документи и какво е ова возило, напишал еден Фејсбукџија.

2,216

Снимка од тоалетна кабина која од Србија преку границата отпатува неколку метри и стигна во Хрватска предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. На објавата на Фејсбук коментирале повеќе од 700 луѓе. Некои од нив се жалат дека коментарите се политички и полни со говор на омраза во контекст на тензиите меѓу Србија и Хрватска во последно време.

Некои од коментарите се хумористични.






„Нека провери полицијата дали има пасош и документи и какво е ова возило“, напишал еден Фејсбукџија.

„Дали гомната платија царина?“, се пошегувал друг.


Силно невреме го зафати Загреб во понеделникот, 7 јули. Утрината во вторникот бурата ги изненади жителите на Сплит. Неколку улици беа блокирани поради паднати дрвја, додека други делови од градот се без струја и без вода. Брод потона во фериботското пристаниште.

Невреме за денеска, 8 јули, е најавено во Србија.

 

 

Поврзани содржини