„ТОА СУМ ЈАС, НАМАЧКАНА СО МАСЛО ЗА БЕБИЊА“ Поранешната девојка на Диди сведочеше на суд, откако беа прикажани експлицитни фотографии

Пејачката Касандра „Каси“ Вентура (38) се расплакала на судот во Њујорк во текот на вториот ден од нејзиното сведочење против музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс (55).

1,455

Пејачката Касандра „Каси“ Вентура (38) се расплакала на судот во Њујорк во текот на вториот ден од нејзиното сведочење против музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс (55). На поротниците им биле прикажани експлицитни фотографии од забавите на Диди што тој ги нарекол „Freak Offs“, а на нив била и самата Вентура.

Самиот Диди, наведува „Скај њуз“, го замолил својот адвокат да му ги покаже фотографиите. Ги прелистал, а потоа ги вратил. Неговата поранешна девојка опишала пет фотографии на кои се наоѓа со машки ескорти, наведува „Дејли мејл“.






– Да, тоа сум јас на фотографијата. Имам чевли со многу високи потпетици и сум намачкана со бебешко масло – рекла таа.

Вентура, која е бремена и го очекува своето трето дете со сегашниот партнер, била смирена поголемиот дел од времето во текот на своето сведочење, но кога ја прашале зошто одлучила да сведочи, таа се расплакала.

– Не можам повеќе да го поднесам ова. Срамот, вината, начинот на кој се однесуваше со луѓето како да се потрошна стока. Дојдов тука да го направам вистинското – рекла Вентура.

Таа пред судот изјави дека не знае на колку од забавите „Freak Offs“ на Диди била, но мисли дека се стотици. Откако раскинаа во 2018 година, таа повеќе не присуствувала на нив.

Таа исто така рекла дека Диди ја силувал во нејзиниот дом во Лос Анџелес кога рекла дека раскинува со него.

– Се сеќавам дека плачев и велев „не“, но сè се случи брзо – рекла таа.

Деновиве, во судот беше прикажано и видео од видеонадзор од хотел. Тоа покажува како Диди бил насилен кон Вентура во 2016 година. Ја влечел по ходник на хотелот, ја фрлил на подот, ја шутирал…

– Комбс „сурови ги напаѓал“ жените кога не сакале да учествуваат на забавите познати како „Freak Offs“ или кога на друг начин би го налутиле – рекла обвинителката Емили Џонсон во своето воведно излагање пред федералниот суд на Менхетен.

 

Поврзани содржини