„ТОА СИ Е НЕГОВА ЛИЧНА РАБОТА“ Европарламентот се огради од постапките на Џамбаски во Скопје
Ова негово однесување спаѓа единствено под одговорност на пратеникот и во секој случај не ја претставува позицијата на Парламентот, велат од ЕП за порталот Република.
Европскиот парламент смета дека однесувањето на европратеникот Ангел Џамбаски во центарот на Скопје по повод панихидата на Мара Бунева е негова лична работа и дека на никој начин не е поврзано со институцијата која ја претставува.
– Ова негово однесување спаѓа единствено под одговорност на пратеникот и во секој случај не ја претставува позицијата на Парламентот – велат од ЕП за порталот Република.
Џамбаски на панихидата на Мара Бунева се однесуваше непристојно и пред присутните велеше дека „Македонците се Бугари“ , Македонија е бугарска“ „И една народ во две држави“.