Тоа што го правам со мажот пред детето е сосема природно: Мајка предизвика бес со објавата ФОТО

3,136

Една мајка неодамна предизвикала вистинска бура на социјалните мрежи, кога признала дека има интимни односи со сопругот додека нивниот син е во истата соба. Многумина таа постапка ја осудиле и ја нарекле најблаго кажано – непристојна.

Сели Мастанг, која на 15 февруари станала мајка и го родила синот Ажур Ситара, смета дека општеството би требало да престане со стигматизација на интимноста, па со луѓето кои ја следнат на социјалните мрежи, одлучила да сподели објава во која објаснува дека има сексуални односи со својот сопруг додека нивниот петмесечен син е во собата.
Рекла дека е природно да е „блиска“ со нејзиниот сопруг Мич Бобел, додека нивниот син е во близина.






Објавата набрзо се покажала како контроверзна и почнала лавина од коментари од корисниците.

„Замислете да ви дојде дете од осум години да ви каже дека е подготвено за односи, бидејќи вие сте толку многу отворени околу таа тема во вашата куќа“, коментирал еден корисник на социјалните мрежи.

Сели набрзо после нападот ја избришала објавата, но останала при своето мислење

На Инстаграм-стори објавила изјава во која објаснила дека водењето љубов обично вклучува бакнување и масажа и инсистирала на тоа дека не го присилува синот да ги гледа во тие ситуации, а потоа објаснила дека домот во кој живее не ѝ обезбедува доволно приватност.

Рекла и дека нејзиниот син бил присутен, но дека спиел, како и дека не гледа ништо лошо во тоа љубовта да се манифестира слободно, но дека објавата морала да ја избрише поради нападот врз неа и нејзиното семејство.

 

View this post on Instagram

 

Feeling fine under the full moon 🌕

A post shared by Sally Mustang (@sallymustang) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини