ТОА СЕ МОИТЕ ВОНЗЕМСКИ ПРИЈАТЕЛИ Илон Маск се измајтапи со летечките објекти соборени во САД

Не грижете се. Тоа се некои од моите пријатели вонземјани кои наминаа, напиша Маск на Твитер во врска со објектите за кои неофицијално се смета дека се кинески разузнавачки балони.

202

Четирите неидентификувани летечки објекти(НЛО) кои американската војска ги собори во последните денови, вчера попладнето наидоа на мајтап од милијардерот Илон Маск.

„Не грижете се. Тоа се некои од моите пријатели вонземјани кои наминаа“, напиша Маск на Твитер во врска со објектите за кои неофицијално се смета дека се кинески разузнавачки балони.

 






Сепак, Глен Ван Херк, генералот на американските воздухопловни сили изјави дека нема да ја исклучи можноста дека се работи и за вонземски живот.

На скандалот со последните три објекти му претходеше оној со белиот кинески балон кој прв беше соборен. За неговото соборување САД чекаа неколку денови, а претседателот Џо Бајден беше критикуван дека задоцнил со одлуката.

Поврзани содржини