ТОА СЕ ГЛУПОСТИ, ВУЧИЌ НЕ СЕ ИЗБОРИ ПРОТИВ САНКЦИИТЕ Пленковиќ го коментираше хрватското „ембарго“ за руската нафта

Вучиќ не дојде овде вчера и не се избори за одложување, тоа се глупости. Одлуката ќе стапи во сила таква каква што е, навреме, посочи Пленковиќ.

572

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Прага изјави дека осмиот пакет санкции против Русија го донела цела Европска Унија, а не Хрватска и дека реализацијата не е одложена, туку дека ќе стапи во сила за сите според планираното, од 1 декември.

Неговата изјава уследи по критиките од српските власти поради забраната за увоз на руска нафта.






Во пресрет на неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ, Пленковиќ оцени дека обвинувањата на српските функционери против Хрватска се смешни, навредливи, неточни и груби.

Тој додаде дека сите 27 земји-членки на ЕУ ја донеле одлуката за нов пакет санкции против Русија.

Пленковиќ ги негираше тврдењата на српските власти дека одлуката е одложена за 1 декември, нагласувајќи дека таа „стапува во сила за сите во декември”.

– Вучиќ не дојде овде вчера и не се избори за одложување, тоа е глупост. Одлуката ќе стапи во сила таква каква што е, навреме – посочи Пленковиќ.

Тој повтори дека Србија може да увезува секаква нафта, освен руска нафта.

Поврзани содржини