ТОА Е ТОА! Бени Андерсон навести конечен крај на „АББА“
Сепак, светот има уште што да очекува бидејќи нивниот нов албум со 10 песни, „Voyage“ (Патување), ќе биде објавен на 5 ноември, а во продажба се и билетите за турнејата со истото име, закажана за 2022 година.
И покрај новиот албум и турнеја, поп-групата „АББА“ објави дека се распушта. Но, тоа ќе биде по виртуелниот настап со своите т.н. „Абатари“ и другите планирани настапи.
– Тоа е тоа! Ова, второ распуштање, е различно од она во 1982 година. Тогаш одамна не реков дека „АББА“ никогаш повеќе нема да се повтори. Но сега можам да ви кажам: Овој пат е дефинитивно крајот – изјави за „Гардијан“ познатиот член на бендот Бени Андерсон (74).
Сепак, светот има уште што да очекува бидејќи нивниот нов албум со 10 песни, „Voyage“ (Патување), ќе биде објавен на 5 ноември, а во продажба се и билетите за турнејата со истото име, закажана за 2022 година.
Песната „Don’t Shut Me Down“ е веќе преслушана над 25 милиони пати на Спотифај, а „I Still Have Faith in You“ – повеќе од 15 милиони пати. Светските хитови, пак, како „Dancing Queen“, „Gimme!“ и „Mamma Mia“ сега имаат деветцифрен број на преслушувања на стрим-платформите.