ТОА Е РУСКА ЛАГА ЗА ПОТКОПУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ И ИЗГОВОР ЗА НОВ НАПАД ВРЗ КИЕВ Украина категорично негира дека нападнала резиденција на Путин

„Вообичаена руска тактика: да се обвини другата страна за она што самите го прават или планираат да го направат“ - пишува Сибиха.

129

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводен „обид за напад врз резиденцијата на Путин“ се измислени и служат единствено како изговор за нови напади врз Украина и поткопување на мировниот процес.

„Руските манипулации околу наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“ беа измислени само од една причина: да се создаде изговор и лажно оправдување за понатамошни руски напади врз Украина, како и да се поткопа и наруши мировниот процес“, напиша Сибиха на „X“.






Тој додаде дека ова е вообичаена руска тактика.

„Вообичаена руска тактика: да се обвини другата страна за она што самите го прават или планираат да го направатпишува Сибиха.

„Прво, Русија веќе ја нападна зградата на украинската влада оваа година. Второ, Украина ги таргетира само легитимните воени цели на руска територија, како одговор на руските напади врз Украинанапиша украинскиот министер.

Конечно, тој ја повика меѓународната заедница да реагира.

„Апелираме до светот да ги осуди провокативните руски изјави насочени кон попречување на конструктивниот мировен процес. Украина останува посветена на мировните напори предводени од САД, со учество на европски партнерипишува Сибиха.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз државната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород во текот на ноќта. Тој изјави дека Украина ја нападнала државната резиденција со 91 беспилотно летало, но сите биле уништени од руските системи за воздушна одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа е руска лага за да се создаде изговор за напад врз украински владини објекти во Киев.

Поврзани содржини