ТОА Е ПЛАНОТ НА „ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ“ ЗА УКРАИНА Песков го исмеа написот за наводниот план на Трамп
„Волстрит Џурнал“ објави дека советниците на Трамп му предложиле нов план за решавање на украинската криза кој вклучува замрзнување на конфликтот, создавање демилитаризирана зона долж линијата на фронтот и продолжување на снабдувањето со оружје во замена за ветувањето на Украина да не пристапи во НАТО во следните 20 години.
Написот на „Волстрит Џурнал“ за плановите на тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Украина е од апстрактен карактер, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, јавува РИА Новости.
– Таму сè е безлично, повеќе наликува на планот на „Волстрит Џурнал“ за Украина – одговори тој на прашањето дали Кремљ ја прочитал оваа статија.
Во четвртокот, весникот, повикувајќи се на извори, објави дека советниците на Трамп му предложиле нов план за решавање на украинската криза кој вклучува замрзнување на конфликтот, создавање демилитаризирана зона долж линијата на фронтот и продолжување на снабдувањето со оружје во замена за ветувањето на Украина да не пристапи во НАТО во следните 20 години.
РИА Новости пишува дека во јуни рускиот лидер Владимир Путин даде нови мировни предлози за решавање на ситуацијата во Украина: признавање на статусот на регионите на Крим, ДПР, ЛПР, Херсон и Запорожје како региони на Русија, консолидација на неврзаниот и нуклеарен статус на Украина, нејзината демилитаризација и денацификација и укинување на санкциите кон Русија.
Путин повеќепати изјави дека Москва е подготвена за преговори со Киев.