„ТОА Е ОПАСЕН АВАНТУРИЗАМ НА ТАА ГОСПОЃА“ Вака Пендаровски ја оцени идејата за поништување на Преспанскиот договор

Претседателскиот кандидат на СДСМ алудираше на Гордана Силјановска Давкова и при тоа се пофали дека и покрај сите лоши политики на СДСМ, тие никогаш не отстапиле од главната магистрала која води кон Европа.

806

„Ако го поништиме Преспанскиот договор, оти не ве бендисува Северна, ние излегуваме од НАТО. Значи, просто кажано, ќе не исклучат од организацијата. Ако таа госпоѓа мисли дека самостојно можеме да ја обезбедиме нашата безбедност, на сите граѓани, на нашите граници и на државата, подобро и на поинаков начин, тоа треба да го каже. Меѓутоа, тоа е опасен авантуризам“.

Вака претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, го оцени наводно барање на Гордана Силјановска-Давкова за поништување на Преспанскиот дог0овор, не прецизирајќи кога и каде рекла такво нешто претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ.






Пендаровски додаде дека во изминатите седум и пол години, СДСМ, и покрај сите лоши политики, не е отстапено од, како што кажа, главната магистрала која води кон Европа и кон западната Алијанса.

– Никогаш не сме оделе ниту лево ниту десно туку само право, затоа што знаеме дека од првиот парламент, од првата влада, тоа е стратегиска цел која не би смеела се менува. Но, опозицијата тоа го прави. Едно зборува, друго прави, трето мисли да прави ако дојде на власт – рече Пендаровски.

 

Поврзани содржини