„ТОА ЌЕ ИМА ПРАКТИЧЕН ЕФЕКТ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ“ Галант предлага заедничка акција на Израел и на САД против Хутите во Јемен

Мораме да направиме повеќе против Хутите, нивните лидери и против нивните серии ракетни напади, рече Јоав Галант, поранешен министер за одбрана на Израел.

767

Поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел и САД треба да дејствуваат заедно против јеменските Хути, што, според него, ќе биде пракса за заедничко дејствување против Иран.

– Мораме да направиме повеќе против Хутите, нивните лидери и против нивните серии ракетни напади – рече Галант за време на посетата на училиштето во Рамат Ган, кое беше погодено од проектил истрелан од Хутите минатата недела, пренесе „Тајмс оф Израел“.






Поранешниот министер за одбрана, на чија позиција минатиот месец дојде Израел Кац, рече дека заедничката акција на Израел и САД против Хутите „ќе има практичен ефект за кратко време“.

Поврзани содржини