ТОА ЌЕ БИДЕ НАТПРЕВАР СО МНОГУ НЕРВОЗА Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац
Како што е наведено, натпреварот од седмото коло од Групата К помеѓу Србија и Албанија ќе се игра на 11 октомври во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац.
Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац, објавено е денеска на веб-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Како што е наведено, натпреварот од седмото коло од Групата К помеѓу Србија и Албанија ќе се игра на 11 октомври во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац.
Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но Фудбалскиот сојуз на Србија побара од Европската куќа на фудбалот домаќин да биде Лесковац.
На табелата од Групата К, Англија е прва со сите 15 бодови од пет натпревари, а Албанија е втора со осум бодови. Србија е третопласирана со седум бодови.