ТОА ЌЕ ЈА ОХРАБРИ РУСИЈА УШТЕ ПОВЕЌЕ Зеленски вели дека прекин на огнот без враќање на териториите е лоша идеја
Тој предупреди дека прекин на огнот само би ѝовозможил на Русија да ги задржи окупираните украински територии и би ја охрабрил Москва да го прошири конфликтот.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за „Вол стрит џурнл“ изјави дека прекин на огнот со Русија без ослободување на окупираните територии само ќе ја продолжи војната.
Тој предупреди дека прекин на огнот само би ѝовозможил на Русија да ги задржи окупираните украински територии и би ја охрабрил Москва да го прошири конфликтот.
Според Зеленски прекин на огнот би и овозможил на Русија да ги обнови своите сили и да се прегрупира за продолжување на борбите.