„ТОА БИ БИЛА ДОБРА ПРВОАПРИЛСКА ШЕГА“ Одговор на Мицкоски за барањето на Бугарија ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од Европската народна партија

Премиерот Мицкоски смета дека треба да си гледаме нашиот државен интерес и да не влегуваме во замката на предизборната кампања во Бугарија.

729

Не е април, но тоа би била добра првоапрлиска шега, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за барањето на европратениците од бугарската ГЕРБ да се исклучи ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.

Премиерот Мицкоски смета дека треба да си гледаме нашиот државен интерес и да не влегуваме во замката на предизборната кампања во Бугарија. Тој жали што во отсуство на сериозна визија, проекти и стратегија, главна тема во Бугарија е се Македонија и македонското прашање.






– Им посакувам успешна кампања и по седми пат да изберат стабилна и политичка влада со која ние како македонска ќе можеме да градиме добрососедски и вистински односи. Тоа и се очекува од добри соседи и затоа постои Добрососедскиот договор – рече Мицкоски денеска од Штип.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денеска објави дека Бугарија ја информирала Европската народна партија (ЕНП) за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе побара исклучување на партијата од ЕНП.

ЌЕ БАРАМЕ ДА ГИ ИСКЛУЧАТ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА Бугарскиот европратеник Ковачев ѝ се закани на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани содржини