ТОЈ СТАНАЛ ПОГОЛЕМ ШЕФ ОД НАЧАЛНИКОТ НА УДБА Георгиевски смета дека некој во МВР го штител Љупчо Палевски
Според Георгиевски „Палевски можеби има злоупотребено 50-100 деца, има направено наркомани по улиците, а некој од МВР стоел позади него“.
„Во моментот кога вие еден криминалец го правите соработник и му давате сè повеќе и повеќе работи и вие не знаете дали началникот на УДБА е поглавен или криминалецот. Таков беше случајот со Аркан, со Бели Вук. Тоа е тој преломен момент кај Љупчо Палевски-Палчо, кога во одреден момент тој станува поголем шеф од оној кој претходно му бил шеф“.
Вака изјави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во „Топ тема“ на Телма во врска со случајот со Љупчо Палевски кој е осомничен за двојно убиство. Георгиевски стравува и дека продолжил системот од времето на Југославија кога се произведувала и продавала дрога, се шверцувале цигари и се обучувале терористи, а едно од тие места, како што вели, бил „Јасен“.
Според Георгиевски „Палевски можеби има злоупотребено 50-100 деца, има направено наркомани по улиците, а некој од МВР стоел позади него“.