Тој што најмногу го сакаш, немој да го гледаш!
Во согласност со препораките, актерката од „Театарот за деца и младинци“ Изабела Новотни, иако во овој период на самоизолација најмногу од сите ѝ недостасува нејзината ќерка Елена која од неодамна си создала свој дом, сега ја гледа многу ретко, евентуално, на два метри растојание. Во меѓувреме, седи дома со нејзиниот сопруг кој после трииполгодишен дипломатски ангажман во Копенхаген, конечно е дома. Можеби затоа сѐ уште не сме стасале да се скараме, се смее таа. Во мај ќе прослават 30. годишнина од бракот
Со оглед на актуелната состојба во државата и во светот, и Театарот за деца и младинци кој минатиот месец одбележа 3 децении од своето постоење, не функционира. Сепак, децата и нивните родители можат да уживаат во претставите и во креациите на актерите од овој ансамбл, бидејќи на Македонската телевизија се репризираат дел од нивните претстави.
А овие репризи, вели Изабела Новотни, инаку, една од двајцата првовработени во овој театар, пред цели 27 години, со изминатите години, па и децении, не ја губат својата актуелност.
„А ако прашате зошто, затоа што доаѓаат нови и нови генерации, а родителите им објаснуваат на децата дека ја гледале истата таа претстава кога и тие биле мали. Но, да најавам дека покрај постарите, ќе се даваат и дел од поновите претстави“, најавува нашата соговорничка.
Изабела вели дека во ова време на пандемија, кога веќе не е сигурна и кој ден сме во неделата, се прашува себеси кога била последен пат во театар.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.