ТОЈ ШТО ЕДНАШ ТЕ ПРЕДАЛ, ЌЕ ТЕ ПРЕДАВА СЕКОГАШ! Скендер Реџепи вели дека одлуката на Кастриот Реџепи не е изненадување
Скендер Реџепи рече дека последната комуникација со Кастриот Реџепи му била пред три-четири години кога се раздвоиле од Беса.
Тој што еднаш те предал, ќе те предава секогаш. Вака пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, ја искоментира одлуката на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, да се повлече од иницијативата за изгласување недоверба на владата.
Скендер Реџепи рече дека последната комуникација со Кастриот Реџепи му била пред три-четири години кога се раздвоиле од Беса.
– И знаев дека тој што еднаш ќе те предаде, ќе те предава секој пат. Жалам поради тоа што се случи и сметам дека е со цел ДУИ да не падне од власт, но се надевам дека до 24 часот ќе се случи спротивното. Дали се тие кои го држат процесот? Ние сме тие кои потпишале, ќе чекаме од тие што го носат овој процес и кој ќе биде планот Б. Веруваме дека ќе се случи, рокот е до 12 часот и сè е можно – рече Реџепи.