ТОЈ ШТО ЌЕ СЕ ОДДЕЛИ ОД КОАЛИЦИЈАТА, ЌЕ ГО ЈАДЕ „ВОЛКОТ“ Касами се надева дека нема да се расипе калимерата со Таравари

Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што во случајот ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, истакнува претседателот на движењето БЕСА.

719

„Јас ценам дека коалицијата Вреди тежи… да не кажам повеќе, но толку без Таравари колку што вредеше и тежеше со него. Сепак, другите чинители се тука во игра. Од друга страна, со секој член во една фамилија, во една коалиција, дури и една партија, има вредност, бидејќи некој ќе биде внатре. Но, кој било да излезе, автоматски создава можност некој да влезе. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што во случајот ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – ‘тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“.

Вака изјави претседателот на БЕСА, Биљал Касами за неговиот партнер во коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во интервју за Радио Слободна Европа. Коментирајќи ги последните несогласувања во коалицијата и најавата дека Таравари можe да продолжи паралелно да преговара за некаква соработка со ДУИ во врска со претстојни локални избори наесен, Касами вели дека верува дека коалицијата сепак има реални шанси да продолжи заедно.






Лидерот на БЕСА истакнува дека ДУИ може да биде поразен само со здружен напор. Тој објаснува и дека лидерот на Демократското Движење Изет Меџити не му дал ултиматум на Таравари побрзо да одлучи дали ќе остане во коалицијата, туку дека се работи за принцип на коалицијата кој бил воспоставен од самото формирање.

 

Поврзани содржини