ТОЈ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО ТЕПАЛА, А ПОТОА ТАА ДЕКА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ Маж и жена меѓусебно се пријавиле во полиција

Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

335

Педесетгодишен скопјанец ја пријавил сопругата дека го нападнала во нивниот дом. Неколку дена подоцна 47-годишната жена го пријавила сопругот дека ѝ се заканувал, исто така во нивниот дом.

„На 30.06.2024 во 10:20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје, по претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје. Претходно, во 15:20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава дека на 26.06.2024 околу 18:30 часот во домот физички го нападнала нејзиниот сопруг Д.З.“, информираат од СВР Скопје.






Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини