ТОЈ САКА ДЕЦА, ТАА НЕ Мараја Кери остана сама за Божиќ, раскина со младиот танчар

Музичката ѕвезда Мараја Кери (54) и танчарот Брајан Танака (40) ја раскинаа седумгодишната врска бидејќи Брајан сакал деца, откри извор ексклузивно за американскиот портал „Пејџ сикс“.

292

Музичката ѕвезда Мараја Кери (54) и танчарот Брајан Танака (40) ја раскинаа седумгодишната врска бидејќи Брајан сакал деца, откри извор ексклузивно за американскиот портал „Пејџ сикс“.

Се вели дека 14-годишната разлика во годините меѓу пејачката и танчарот одиграла голема улога, бидејќи Танака сакал различни работи од Мараја, додава „Пејџ сикс“.






– Тој сака да има семејство. Таа нема таква желба – вели изворот.

Гласините за нивното раскинување започнаа пред неколку дена кога Мараја сама отиде на патување во Аспен, Колорадо. Брајан отсуствуваше и од нејзината турнеја, која започна во ноември. Инаку, тој работеше како нејзин танчар од 2006 година, а врската ја започнаа во 2016 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Tanaka (@bryantanaka)


Мараја има близнаци, девојчето Монро и момчето Марко кои имаат 12 години, во бракот со сопругот Никон Канон. Нивниот брак траеше од 2008 до 2016 година. Танака, од друга страна, нема свои деца.

– Тој сака да започне свој живот – рекол друг извор за раскинувањето.

Кери на почетокот на овој месец изјави за „Пипл“ дека имала тешка година.

– Речиси цела година со нетарпение го чекав овој Божиќ. Од минатата година – бидејќи минатата година не беше најдобра. Благодарна сум за сите нив, но тоа не беше мојата најзабавна верзија на Божиќ досега – рекла Мараја.

Мараја оваа година наводно празниците ги поминува без Брајан Танака, што дополнително ги подгреа гласините дека таа и нејзиното долгогодишно момче раскинале.

Последен пат беа видени заедно на нејзиниот роденден во март.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини