Тој прв ја изговори реченицата: „My name is Bond, James Bond”, Шон Конери наврши 90 години ФОТО

1,474

Актерот Шон Конери вчера го прослави својот 90-ти роденден.

Роден е како Томас Шон Конери, во Единбург, Шкотска, а на многумина тој им е првата асоцијација на славниот Џејмс Бонд, кому тој му даде душа во далечната 1962 година.






Конери глумеше во многу култни филмови, како што се „Недопирливи“  „Името на розата“, „Индијана Џонс“, „Робин Худ: Принцот на крадците“,  Лов на Црвениот октомври“ и во многу други.

Награден беше и со Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Недопирливи“, а добитник е и на два Златни глобуса и БАФТА награди.

Освен тоа, тој се здоби и со титулата „Најсексапилен маж“ која што ја доделува магазинот „Пипл“, а интересно е тоа што тој тогаш веќе имал 59 години.

Тој стана познат како првиот Џејмс Бонд, глумеше во седум филмови на франшизата и е на глас како еден од најсексапилните мажи во светот.

Конери во текот на својата кариера сакаше бројни убавици. Се ожени двапати. Неговата прва сопруга беше актерката Дајан Клиенто, а од 1975 година е во брак со уметничката Мишелин.

Sean Connery as James Bond | (from Wikipedia) Connery's brea… | Flickr

File:Sean Connery National Press Club.jpg - Wikimedia Commons

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини